мај 23, 2019

Показна вежба по прва помош по повод денот на пожарникарите

По повод денот на пожарникарите во Република Македонија на ден 20.05.2019 година, се одржа симулациска вежба. Волонтерите од Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со ТППЕ од Куманово и Дирекција за заштита и спасување од Куманово, во ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” од с. Драгоманце општина Старо Нагоричане демонстрираа тактичко-показна вежба за евакуација на ученици и вработени во училишната зграда во случај на пожар и укажување прва помош на повредени лица. Целта на вежбата беше да се покаже дека овие служби се тука за граѓаните и заеднички дејствуваат, а секако важна е и граѓанската совесност, соработка, споделување информации и навремено јавување и пријавување на сите настани што се случуваат на нашето подрачје за да имаме поголема безбедност и заштита.

< врати се назад