јули 9, 2019

Заедно за безбедно лето

На 05.07.2019 година, на Градскиот плоштад волонтерите од Црвен крст на Република Македонија- општинската организација Куманово учествуваа на настанот во организација на СВР Куманово и Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата под мотото „Заедно за безбедно лето„. Настанот е посветен на безбедноста на младите во сообраќајот и поголема сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот. Учесниците возеа велосипед и пишуваа пораки за безбедност, кои ќе бидат поставени на видни места во градот. На најдбрите екипи им беа доделени пехари и дипломи.

< врати се назад