ноември 7, 2025

Дисеминација за нови волонтери

Во просториите на Црвен крст Куманово, на ден 06.11.2025 година беше одржана дисеминациска сесија со цел запознавање на новите волонтери со историјата, принципите и активностите на организацијата. На сесијата присуствуваа 20 волонтери кои преку презентација и интерактивна дискусија се запознаа со историјата на Црвениот крст, основните принципи на движењето, структурата и функционирањето на организацијата на локално, национално и меѓународно ниво, како и со главните програми и активности на Црвениот крст на Република Македонија, вклучувајќи младинска работа, социјална помош, прва помош, промоција на здравје и активности при елементарни непогоди. 🤍 Сесијата ја спроведе Никол Ѓорѓевска обучен едукатор на Црвен крст Куманово.

Преку разговор и примери од пракса, учесниците имаа можност подобро да ја разберат мисијата и вредностите на организацијата, како и начинот на кој можат активно да се вклучат во идните активности. Предавањето помина во позитивна атмосфера, со голем интерес и ангажираност од страна на волонтерите, кои изразија мотивација за понатамошно учество во хуманитарните програми.

< врати се назад