
Дисеминациски сесии во ООУ ,,Бајрам Шабани”
На ден 10.11.2025 и 11.11.2025 година беа одржани две дисеминациски сесии во ООУ ,,Бајрам Шабани” – Куманово со цел запознавање на учениците со историјата, принципите и активностите на организацијата. Преку презентација и интерактивна дискусија, 61 ученик се запознаа со историјата на Црвениот крст, основните принципи на движењето, структурата и функционирањето на организацијата на локално, национално и меѓународно ниво, како и со главните програми и активности на Црвениот крст на Република Македонија, вклучувајќи младинска работа, социјална помош, прва помош, промоција на здравје и активности при елементарни непогоди.
Сесијата ја спроведе Фатрије Арифи обучен дисеминатор на Црвен крст Куманово.
Преку разговор и примери од пракса, учениците имаа можност подобро да ја разберат мисијата и вредностите на организацијата, како и начинот на кој можат да се приклучат во Црвен крст Куманово.











































