ноември 7, 2025

Дистрибуција на хуманитарни пакети

Во рамки на одбележувањето на Неделата на гладта, Општинската организација на Црвен крст Куманово спроведе хуманитарна акција со цел обезбедување и дистрибуција на помош за најзагрозените категории на населението.🤍

Во текот на кампањата беа реализирани активности преку кои се обезбеди вкупно 800 килограми храна и беа распределени хуманитарни пакети на 70 корисници од социјално загрозени семејства од подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во реализацијата на активностите беа вклучени 12 волонтери кои активно учествуваа во собирањето, пакувањето и дистрибуцијата на хуманитарната помош.

🪩Преку веб-страницата и социјалните мрежи на Општинската организација, јавноста беше запознаена со проблемот на сиромаштијата и значењето на солидарноста во заедницата. До локални компании и институции беа испратени флаери во електронска форма со цел поттикнување на донации. Во рамки на кампањата беа поставени пунктови за собирање на прехранбени производи во неколку основни и средни училишта на територијата на Општина Куманово, и тоа: ООУ „Кочо Рацин“, ОСТУ „Наце Буѓони“, ООУ „Христијан Карпош“ и ООУ „Бајрам Шабани“.

Преку Централниот Црвен крст на Република Северна Македонија и компанијата „Жито Лукс“ од Скопје беа донирани 500 свежи лебови, кои беа распределени на 250 домаќинства.

Дополнително, со поддршка на Црвен крст на Град Скопје беше извршена дистрибуција на два тона сокови во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово, Народната кујна, Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“, Затворска установа во с.К’шање, ООУ ,,11-ти Октомври”, СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев” и ООУ ,,Христијан Карпош”.

Воедно, компанијата „Дрексермајер“ ДООЕЛ Куманово овозможи и дополнителни хуманитарни пакети наменети за социјално ранливи семејства.

Акцијата беше реализирана успешно, со висок степен на ангажираност и солидарност од страна на волонтерите, учениците, граѓаните и партнерите од јавниот и приватниот сектор.

Црвен крст Куманово и во наредниов период ќе продолжи со вакви хуманитарни активности наменети за помош и поддршка на ранливото население.

Boost this post to get more reach for Црвен крст на Републи

< врати се назад