август 7, 2025

Кампања „За безбедно лето“ под мотото „Вози одморен“

На ден 31.07.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, учествуваше во спроведување на Летната Кампањата под мотото „Вози одморен“, на Граничниот премин Табановце.

Во рамките на кампањата, волонтерите на Црвениот крст делеа шишиња со вода и едукативен материјал со совети за безбедно учество во сообраќајот. На возачите им беше укажано на важноста да тргнуваат на пат одморени, да прават редовни паузи, особено при долги патувања, и да внесуваат доволно течности, со акцент на вода и безалкохолни пијалоци, заради високите температури во летниот период.

< врати се назад