
февруари 11, 2026
Крводарителска акција во АРМ Куманово
На ден 11.02.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во касарната Боро Менков во Куманово реализираше крводарителска акција со припадниците на АРМ.
Благодарение на хуманоста и одговорноста на припадниците на Армијата, беа реализирани 50 крводарувања, со што дадоа значаен придонес во обезбедување стабилни крвни резерви.
Голема благодарност до сите крводарители и до АРМ за континуираната соработка и поддршка.











































