март 27, 2026

Крводарителска акција во „Дрекслмајер“ Куманово

На ден 26.03.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот,

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ❤️, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина 🏥, реализираше крводарителска акција во компанијата „Дрекслмајер“.

✨ За првпат се организираше крводарителска акција во оваа компанија, што претставува значаен чекор во проширување на хуманите активности 🤝.

👏 Благодарение на хуманоста на вработените, беа реализирани 17 крводарувања 🩸.

👔 На настанот присуствуваа Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, како и директорот на компанијата, со што дополнително се нагласи значењето на оваа хуманитарна акција и соработката помеѓу институциите и бизнис секторот 🤝.

🏅 Од страна на Црвен крст Куманово беше доделена благодарница за успешната и континуирана соработка, како и за значајниот придонес на компанијата во текот на 2025 година.

📦 Во рамки на оваа соработка, компанијата даде поддршка преку донација на прехранбени пакети и новогодишни пакетчиња 🎁, кои беа дистрибуирани до социјално загрозени семејства, со што директно придонесе за подобрување на условите за живот на ранливите категории граѓани ❤️.

🙏 Голема благодарност до сите крводарители и до „Дрекслмајер“ за довербата и поддршката.

🩸 Дарувај крв – спаси живот! ❤️

< врати се назад