
ноември 5, 2025
Крводарителска акција во ЈП „Водовод“ Куманово
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на ден 04.11.2025, спроведе крводарителска акција во просториите на ЈП „Водовод“ Куманово.
Вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност, дарувајќи 24 крвни единици и придонесувајќи кон спасување животи.
Голема благодарност до сите крводарители и до ЈП „Водовод“ Куманово за долгогодишната поддршка и успешната соработка!











































