
ноември 11, 2025
Крводарителска акција во ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово
На ден 11.11.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во основното училиште „Крсте Мисирков“.
Својата хуманост ја покажаа 16 крводарители, а наставниот кадар на училиштето секогаш придонесува оваа акција да биде успешна и добро организирана.
Голема благодарност до сите дарители и до училиштето за поддршката и континуираната соработка!











































