
Летен младински камп
Во организација на Општинска организација Црвен крст Куманово и Црвен крст Пробиштип, во период од 14 до 17 август 2025 година во основното подрачно училиште ,,Христијан Карпош” во с. Пелинце се одржа летен младински камп на кој присуствуваа 50 волонтери.
Кампот беше на тема „,Млади за хуманост и одржлива иднина“ и истиот имаше за цел зајакнување на соработка помеѓу општинските организации, надоградба на волонтерските капацитети преку едукативни работилници и предавања по прва помош и реалистично прикажување на повреди и рани. На кампот покрај волонтери од Општинска организација на Црвен крст Куманово и Пробиштип , присуствуваа и волонтери од Општинска организација на Црвен крст Битола, Црвен крст Радовиш и Црвен крст Кочани.
Дополнително, кампот беше збогатен со интересна работилница на ,,Youth Association Kreator”. Од страна на ,,Креатор” се одржа кратко предавање за рурално волонтерство и се реализираше интерактивна работилница за волонтерство и младински активизам во рурални средини, што предизвика голем интерес кај младите.
Кампот беше поддржан од повеќе локални општествено одговорни претпријатија и граѓани и следниве спонзори: Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Bucen Kozjak – Бучен Козјак, Vibe Bar & Coffee, Elite Bar Arlecchino , Optika FILOS, Екстра Меин, Кафана Галерија, Основно училиште ,,Христијан Карпош” с.Драгоманце, City Garden – Пробиштип, жители на с.Пелинце
Голема благодарност до сите кои и оваа година несебично ни помогнаа во реализирање на кампот.











































