август 22, 2025

Летна крводарителска акција во Црвен крст Куманово

На ден 19.08.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ја организираше летната крводарителска акција во просториите на Црвен крст Куманово.

🕘Акцијата се одржа во периодот од 09:00 до 15:00 часот, а својата хуманост ја покажаа 31 крводарители кои даруваа дел од себе за да спасат туѓ живот.

На сите хумани луѓе им упатуваме искрена благодарност за нивната подготвеност и добрина. Крвта нема замена – секое дарување значи спасен живот.

Да даруваш крв значи да подариш надеж, љубов и живот.

#ЦрвенКрстКуманово#Крводарителство#Хуманост#СпасиЖивот

< врати се назад