
Меѓугенерациско дружење по повод Денот на љубовта и виното
На ден 13.02.2026 година младите волонтери при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Здружение на пензионери Куманово го одбележаа празникот Св. Трифун и Св. Валентајн.
Оваа меѓугенерациска дружба се одржува веќе 10 години по ред, како традиција што ги поврзува младите и повозрасните генерации преку љубовта, почитта и заедништвото.
Програмата беше исполнета со 6 музички точки изведени од членовите на пензионерското друштво, а од страна на младите настапи Мила Васиљкова со две музички изведби.Имаше и поетски изведби подготвени од волонтерите.
Сепак, најголемиот дел од настанот беше посветен на дружење, разговор и размена на животни искуства – споредба на тоа како живееле младите некогаш и како живеат денес. Токму овие искрени разговори ја направија средбата посебна, исполнета со топлина, смеа и заемно разбирање.











































