
ноември 7, 2025
Mотивациска работилница за крводарители
На ден 06.11.2025 година во СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев” – Куманово се организираше мотивациска работилница за крводарители. Учениците од 4-та година имаа можност да научат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за тоа кој може да биде крводарител, личните бенефиции и значењето на дарувањето. Работилницата беше одржана од страна на Тамара Бошковска – обучен мотиватор за крводарителство.
Се надеваме на успешна крводарителска акција и изразуваме голема благодарност до СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев” – Куманово за отворената соработка, а воедно ги охрабруваме и повикуваме учениците да даруваат крв и да спасат нечиј живот.











































