февруари 25, 2026

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВО-САДОВИ ЗАБОЛУВАЊА

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележува Неделата на борба против срцево-садови заболувања, која се реализира во периодот од 21 до 28 февруари 2026 година под мотото „Здрав живот, здраво срце“.

📅 На 23 февруари 2026 година волонтерите од Клубот на млади спроведоа теренска едукативна активност при што ги посетија вработените во Општина Куманово, Основниот суд во Куманово, како и случајните минувачи.

📄 Во рамки на активноста беа поделени едукативни флаери со корисни совети за превенција, рано препознавање на ризик-факторите и унапредување на здравите животни навики со цел заштита на срцевото здравје.

💪 Со ваквите активности Црвениот крст продолжува активно да придонесува во подигање на јавната свест за значењето на превенцијата и зачувувањето на здравјето, поттикнувајќи одговорен однос кон сопственото срцево здравје.

❤️ Здраво срце – здрав живот!

Tags:
< врати се назад