август 17, 2025

Помош и поддршка на ТППЕ Куманово за локализирање на пожар

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 17.08.2025 во соработка со ТППЕ Куманово и 7 члена од тимот за одговор при катастрофи, успешно локализираа пожар кој зафати површина во близина на с. Проевце.

Благодарение на брзата реакција, спречена е поголема штета и заштитен е имотот на граѓаните.

Ова е уште еден потсетник дека заедно сме посилни и дека со здружени сили можеме да одговориме на предизвиците кои ги носат вонредните ситуации.

Голема благодарност до сите кои беа вклучени во интервенцијата.

#ЦрвенКрстКуманово#ТППЕ#ЗаедноПосилни

< врати се назад