
Посета на претставници од Турската полумесечина
Денеска во просториите на Црвен крст Куманово имавме чест да бидеме посетени од претставници на Турската полумесечина. Во состав на делегацијата беа: потпретседателот на Турската полумесечина од Анкара, претседателката на младите, стручен соработник за катастрофи на национално ниво, како и претседателката на Унијата на жени на Турската полумесечина. На средбата присуствуваа и нашите соработници од Културно-хуманитарната организација Мерхамет Куманово.
Во текот на средбата, претседателот на Црвен крст Куманово, д-р Нухи Јусуфи, и секретарот Ива Младеновска ја презентираа работата, програмите и активностите на организацијата, како и придонесот на волонтерите во хуманитарните активности во заедницата.



Воедно, беше изразена искрена благодарност до Турската полумесечина за нивната континуирана поддршка, особено преку обезбедувањето хуманитарни пакети за време на празникот Рамазан.
Голема благодарност упатуваме и до Културно-хуманитарната организација Мерхамет Куманово за нивната поддршка, посредување и придонес во градењето на оваа значајна соработка со Турската полумесечина.



< врати се назад











































