август 7, 2025

Превентивна кампања во соработка со СВР Куманово – ,,Вози одморен’’

На ден 07.08.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со СВР Куманово спроведе теренска акција за подигнување на свеста кај возачите и граѓаните за важноста од возење без алкохол, без замор и со зголемена внимателност.

Активноста се одвиваше на фреквентна локација во градот, каде што волонтерите заедно со полициските службеници делеа едукативни материјали и апелираа до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол или во состојба на замор, со цел заштита на сопствениот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Воедно, на возачите и случајните минувачи им беше понудено бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, со цел унапредување на свеста за здрави навики и редовни здравствени проверки.

< врати се назад