
јули 23, 2025
Превентивни активности за заштита од топлотен бран
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во периодот од 21 до 23 јули 2025 година реализираше активности за превенција од топлотен бран. Поради високите температури, волонтерите поделија 300 мали шишиња со вода. На 75 лица им беше измерен крвниот притисок, а исто така добија совети и препораки за заштита од топлотниот бран.
Активностите за заштита од топлотен бран ќе продолжат и во наредниот период, додека траат високите температури.











































