август 12, 2025

Превентивни активности за заштита од топлотен бран

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во периодот од 11 до 12 август 2025 година реализираше активности за превенција од топлотен бран. Поради високите температури, волонтерите поделија 140 мали шишиња со вода. На 105 лица им беше измерен крвниот притисок, а исто така добија совети и препораки за заштита од топлотниот бран.

Активностите за заштита од топлотен бран ќе продолжат и во наредниот период, додека траат високите температури.

< врати се назад