август 28, 2025

Размена на волонтери

Во период од 27.08-28.08.2025 година, пет волонтери при Општинската организација на Црвен крст Куманово се приклучија во тимот на нашиот партнер клуб Црвен крст Пробиштип со цел споделуваье на искуства, зајакнување на соработката и тим билдинг.

За време на овие два дена волонтерите заедно учествуваа на 5 активности: работилница за реалистично прикажување на рани и повреди, обезбедување прва помош на фудбалски турнир и три собирни акции.

На крајот од средбата се направи евалуација помеѓу самите волонтери преку споредба на пристапот кон работата на територијата на двете општини, а воедно се споделија и совети од позитивни практики од кои двете општински организации во иднината би имале уште поуспешни резултати.

< врати се назад