февруари 25, 2026

Струмички карневал

Во периодот од 20.02 до 22.02.2026 година, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Куманово, по покана на Црвен крст Струмица, беа дел од младински камп организиран по повод Струмички карневал, каде што обезбедуваа логистичка поддршка и помош.

Нашите волонтерки Теодора и Ива, обучени по прва помош, беа дел од мобилните тимови кои се грижеа за безбедноста и здравјето на посетителите за време на карневалските активности.

Голема благодарност до домаќините за поканата, топлото гостопримство и одличната соработка. Заедно покажавме дека хуманоста и тимската работа се вистинска сила.

Tags: ,
< врати се назад