март 13, 2026

Светски ден на бубрегот

📍На ден 12.03.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, го одбележа Светски ден на бубрегот со едукативна активност на градскиот плоштад во Куманово.

⛑️Волонтерите од Клубот на млади спроведоа информативна акција со цел подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на грижата за здравјето на бубрезите. Во рамки на активноста беа поделени 5 пакети мала вода и 120 флаери со јасни пораки и совети за тоа како граѓаните да се грижат за своето здравје и да ги заштитат бубрезите.🚰

⛑️Со вакви активности, Црвен крст Куманово продолжува активно да работи на промоција на здрави животни навики и подигнување на здравствената свест кај населението. ❤️

< врати се назад