
Врсничка едукација – Борба против болести на зависност
Во рамките на месецот на борба против болести од зависности кој оваа година се одбележува под мотото ,,Информирај се и динеси одлука” на ден 12.11.2025 година во просториите на ООУ „11 Октомври“ беше спроведена врсничка едукација на тема „Болести на зависности“.
Едукацијата ја реализираа нашите врсничките едукатори Теодора Николовска и Марко Бошковски со цел да ги подигнат знаењата и свеста кај учениците за штетното влијание на различните форми на зависности, како што се зависноста од алкохол, цигари, дрога, па дури и прекумерна употреба на дигитални уреди.
Преку презентација, интерактивна дискусија и практични примери, учениците имаа можност да научат за препознавање на раните знаци на зависност,последиците врз физичкото и менталното здравје, како и начини за превенција и одржување на здрави животни навики.
Учениците активно се вклучија во разговорот, поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања за тоа како средината и врсничкото влијание може да придонесе кон развој или спречување на зависности.











































