октомври 18, 2022

18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

Црвен крст на Република Северна Македонија– Oпштинска организација Куманово и оваа година се вклучи во одбележувањето на 18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе со организирање на превентивни активности за врсничка едукација на младата популација.
На ден 18.10.2022 година во соработка со ОСПДП Куманово организираше трибина на тема „Трговија со луѓе“ во Занаетчискиот дом во Куманово. Работилницата беше спроведена од обучен на обучен едукатор- волонтер од Црвен крст Куманово, како и стручни лица од Центарот за социјални работи Куманово, претставник од СВР Куманово кој работи во оддел за трговија со луѓе како и поранешен судија за малолетници. На истата присуствуваа 60 учесници и тоа ученици од средните училишта во градот со нивните професори како и претставници од Советот за превенција на детско престапништво.
Присутните имаа можност да се запознаат со тоа што претставува трговија со луѓе, како се дефинира истата, како младите стануваат жртви на трговија со луѓе, како и за видови и начини на функционирање на ланецот на трговија со луѓе. Целта на овие превентивни лекции беше да се подигне свеста на младите за препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
< врати се назад