
Одржан 34-тиот Општински натпревар по прва помош на ООЦК Куманово
На 30 април 2025 година, во градскиот парк во Куманово, Општинската организација на Црвен крст Куманово го одржа 34-от Општински натпревар на екипите по прва помош во категорија младина и подмладок.
На настанот присустуваа: професори, наставници-ментори и ученици од основните и средните училишта, лекари и демонстратори по прва помош, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.
На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош од претходно одржани обуки ги покажаа екипи составени од ученици од 8 основни и 5 средни училишта на територијата на општина Куманово.
Првите три места во категорија ПОДМЛАДОК ги освоија екипите од училиштата:
ООУ „Крсте Мисирков“
ООУ ,,Христијан Карпош“
ООУ „11ти Октомври“.
Во категоријата МЛАДИНА:
ОСТУ ,,Наце Буѓони” и ДСУ-РЦСОО,,Киро Бурназ”
Гимназија „Гоце Делчев“
СОУ ,,Перо Наков”.
Во дел на дисеминација трите места ги освоија учениците од:
ООУ ,,Бајрам Шабани”
ООУ ,,Крсте Мисирков”
ОСТУ ,, Наце Буѓони” (албанска паралелка)
Честитки до сите учесници и голема благодарност до сите средни и основни училишта за нивното учество.




