декември 12, 2022

5 Декември – Светски ден на волонтерството

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, на ден 12.12.2022 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во просториите на Занаетчиски дом организираше настан под мотото “Солидарност преку волонтирање” на кој што присуствуваа волонтери и членови од нашата организација. Благодарност до сите волонтери изразија претседателот и секретарот на ООЦК Куманово за нивниот несебичен придонес и поддршка во реализирање на многубројни активности и продонес во заедницата и притоа им беа доделени благодарници на најистакнатите волонтери.

< врати се назад