мај 26, 2020
Денеска тимови од Општинскиот штаб за заштита и спасување и Црвен крст Куманово, дистрибуираат пакети на социјално најзагрозени семејства, со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција. Производите се обезбедени преку Локален социо – економски совет, донација од општествено одговорни компании: Центробизнис Куманово, Арди Фреш – Куманово, Фима Вест-Куманово, Алкалоид – Скопје, Мусли Маркет – Куманово, Елида – Куманово, Селман Туризам.