јули 16, 2019

Бесплатна кампања за прва помош-“Твоето незнаење чини живот “

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово од 15.07.2019 (понеделник) и официјално се вклучи во кампањата под мотото “Твоето незнаење чини живот” која следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред се возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа. Во нашите простории се одржа едукативно предавање за освежување на знаењата од областа на првата помош за возачи, чија цел беше да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода. Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, меѓу кои и во Куманово и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи. Целта на кампањата е подигање на свеста за значењето од правилно укажување на првата помош со што би се спречиле поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи. Црвен крст Куманово во текот на наредните 2 месеци ќе оддржи уште 5 вакви работилници и воедно ги поканува заинтересираните возачи за обуката, да се обратат во просториите на Општинската организација на Црвен крст Куманово, или на телефон 031/424-179.

Исто така денеска и официјално се пушта во употреба лендинг страната на ЦКРМ.

http://prvapomos.pagedemo.co/

ЛЕНДИНГ СТРАНА – вид веб страна на која луѓето кои доаѓаат на сама страна имаат една цел, да се запознаат со кампањата, и да се пријават на истата. 
При тоа собираме податоци за луѓе кои се регистрираат онлајн и им испраќаме автоматизиран мајл зависи од кој град е и веднаш се враќа меилот со датуми на освежителните курсеви по прва помош. Во едно се покажува бројката на заинтересирани возачи за посета на курсевите

Пријавете се и Вие!

Твоето незнаење чини живот!

< врати се назад