јуни 3, 2019

ЦКА –ПХВ проект (Донација на спортска опрема)

Волонтерите од Црвен крст на Р.Македонија – општинска организација Куманово на чело со дисеминаторот Југослав Спасиќ во рамките на ЦКА -ПХВ циклусот на ден 18.04.2019 г. го посетија дневниот Центар Порака Наша Куманово. Целта на посетата беше примопредавање на донацијата на спортска опрема наменета за корисниците од дневниот центар. Во склоп на ЦКА -ПХВ Проектот предвидени се и заеднички спортски активности со волонтерите и корисниците од дневниот центар кои ќе се реализираат во наредниве неколку недели.

< врати се назад