октомври 5, 2022

Недела на млади

🔴БИДИ ПРИЧИНА ЗА НЕЧИЈА НАСМЕВКА

По повод Недела на млади 1-7 октомври која се одбележува традиционално секоја година во рамките на Црвениот крст, Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово организираше настан кој се одржа на 05.10.2022 година со почеток од 12:00ч на Градскиот плоштад во Куманово. Присутни беа бројни волонтери, активисти, пријатели на Црвениот крст Куманово, корисниците со интелектуална попреченост од Порака Наша како и ученици од основните и средните училишта.
Настанот се состоеше од две активности и тоа:
1. Црвена зона (Red zone) со 7 катчиња која ќе содржи штандови за:
⚪️ Ментално здравје
🟣 Креативна инклузија
🔴 Прва помош
🟡 ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности)
🔵Жива библиотека
🟢Друштвени игри
🟠Освежување
2. “Чашка полна љубов (Cup of love)”
Секој посетител имаше можност да исполни предизвик (хуман гест) и да добие бесплатно кафе.
RED ZONE беше местото каде младите можеа да се запознаат со нашиот Клуб на млади и волонтерите.
< врати се назад