јуни 2, 2022

Дисеминациски работилници

Во период од 19.05-02.06.2022 година, обучените дисеминатори Виолета Дачевска и Љумтурије Абази во 4 основни и 4 средни училишта одржаа дисеминациски работилници на македонски и албански наставен јазик. За крај се одржа и една заедничка работнилница за нови претставници од Клубот на млади од Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово.
На работилниците учество земаа вкупно 249 ученици кои се стекнаа со основни знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, нивните принципи, специфични цели и хумани вредности, амблемот како и за работата на општинската организација Куманово и активностите на Kлубот на млади.
< врати се назад