февруари 21, 2022

Дисеминациски работилници

Во период од 07 до 21 февруари 2022 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово одржа три работилници од кои една во Клуб на млади, на нови волонтери и две во ОСМУ ,,Наце Буѓони’’ на ученици од прва година.
На работилниците присуствуваа вкупно 67 ученици, и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот како и за работата на општинската организација Куманово и активностите на клубот на млади.
Работилниците беа одржани од страна на нашиот долгогодишен дисеминатор Филип Кузмановски.

.

< врати се назад