
Дисеминациска сесија на нови волонтери од Клубот на млади
На ден 13.08.2026 година во просториите на Црвен крст Куманово се одржа дисеминациска сесија на нови волонтери од Клубот на млади. Диеминацијата вклучуваше и едукативен дел со цел младите да се запознаат и со структурата и раководството на Црвениот крст.
![]()
Преку целосна агенда сместена во двочасовно времетрање, волонтерите имаа игри, презентација и едукативни постери со цел да се запознаат со работата на Клубот на млади и Црвен крст. Во презентацијата беше вклучен и кодексот на однесување, календарските активности, актуелните програми, дневните центри и се` што ние како општинска организација работиме и спроведуваме.
![]()
На обуката присуствуваа 14 волонтери, а истата беше водена од нашата долгогодишна волонтерка Теодора Николовска. Оваа обука е важен подвиг за волонтерите и со таква цел ќе се организираат почести дисеминациски сесии















































