мај 19, 2022

Дистрибуција на хуманитарна помош

Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово во текот на вчерашниот ден 18.05.2022 година со своите волонтери го посети шест членото семејство Величковски од кумановско Пелинце кое живее во многу тешки животни услови. 📍По објавената сторија за семејството кое е во многу тешка состојба, а некои од децата се болни и со посебни потреби им беше доставена хуманитарна помош од прехранбени и хигиенски пакети, вода, облека и обувки, кебиња и душеци. Исто така поделена е помош од прехрамбени и хигиенски пакети на уште 8 семејства на територија на Општина Старо Нагоричане.💯
👉Да се помогне и олесни животот на секоj и да се почитува сечиј живот е основната цел на Црвениот крст. Да бидеме хумани!
< врати се назад