мај 18, 2023
Доделени сертификати на третата група обучени персонални асистенти на лица со попреченост
Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово успешно ја спроведе третата обука за персонални асистенти на лица со попреченост. Оваа обука беше спроведена по Одлука на Раководен одбор, со средства од Општинската организација каде 17 невработени лица во период од март- мај 2023 година ја следеа истата.
Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со теоретски и практични знаења од областа на персоналната асистенција на лица со попреченост како и психосоцијална поддршка, за што на ден 18.05.2023 им беа доделени и сертификати.
Продолжуваме да го олеснуваме животот на лицата со попреченост.