
март 11, 2026
Донација по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, во соработка со Културно-хуманитарната организација „Мерхамет“ Куманово, донација од Турската полумесечина во периодот од 06.03.2026 до 08.03.2026 година подели 50 хуманитарни пакети на
социјално загрозени семејства од руралните средини.
Нашите соработници уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност, придонесувајќи за подобрување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и за поттикнување на хуманост и солидарност во заедницата.![]()



< врати се назад











































