Единица за одговор при катастрофи

Во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи дејствува Единица за одговор при катастрофи на Р.Македонија која што е формирана во 1994 година.

Постоење на ваква единица се покажа повеќе од потребна во изминатиот период заради конфликтите, кризите, социјалните услови и природни катастрофи кои владеаат во земјата. Единицата за одговор при катастрофи претставува специјализирана оперативна форма на делување Црвен крст на Р.Македонија во случај на масовни елементарни непогоди и несреќи во земјата и во странство.

z

Единица е составена од волонтери, специјализирани за разни области кој со содветна опрема и примена на специјална спасувачка техника се опремени за давање на прва помош, спасување на вода, спасување на планина, вода и санитација, транспорт на повредени и и друга логистичка поддршка.

Секој тим има по еден тим лидер и плус брои по 5 члена. Сите членови во тимот се волонтери (не секогаш се достапни заради своите приватни обврски) обучени се и по пет замени во секој тим.

Со Единицата за одговор во случај на катастрофи назначен е командант на целата единица, кој истотака е волонтер.

Повеќето членови беа активни за време на кризите кои што се споменати на почетокот со што може да заклучиме дека единицата е составена од искусни и високо мотивирани волонтери. Државните структури ја признаават единицата како компетентна и често пати се ослонуваат на поддршката. Ќе споменеме неколку примери:

  • Тимот за вода и санитација ја доби обуката од страна на Австриски Црвен крст и како резултат на квалитетот и знаењето 5 члена од тимот за вода и санитација заминаа во Инденозија на мисија
  • Во изминатите години имаше многу случајеви на поплави и единицата за одговор при катастрофи ги поддржуваше акциите како со човечки така и со материјални капацитети
  • Помагање при дистрибуција на раселени лица и баратели на азил
  • Изготвување на проценки при дадена катастрофа
  • Спасување на лице погодени директно од некоја катастофа (извлекување на лица од згради во случај нап ожари, помагање на повреди во планински услови, поставување на водено пречистителна станица
< врати се назад