декември 30, 2022

Годишен состанок и новогодишна забава за волонтери

На ден 30.12.2022 се одржа годишен состанок и новогодишна забава за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Куманово. На состанокот присуствуваа 30 волонтери.
Преку неколку кратки видеа волонтерите се навратија во текот на целата 2022 година и имаа можност да ги погледнат активностите кои што беа реализирани.
На состанокот исто така беа прогласени волонтери на месец (јуни-декември).
💙 Волонтер на месец јуни: Леонтина Јордановска
💚 Волонтер на месец јули: Александра Анѓеловска
💛 Волонтер на месец август: Тамара Бошковска
🧡 Волонтер на месец септември: Елена Стефановска
❤️ Волонтер на месец октомври: Ивана Станојковска
💜 Волонтер на месец ноември: Ивана Јовановска
🤍 Волонтер на месец декември: Енсар Ибрахими
❤️ За волонтер на 2022 година беше изберена Лаура Цветковска.
Честитки до волонтерите и голема благодарност за вложениот труд и нивните волонтерски часови.
По состанокот волонтерите играа “Secret Santa” каде што си разменуваа подароци меѓусебе и со тоа ја започнаа новогодишната забава.
Ви благодариме волонтери за уште една успешна година
< врати се назад