ноември 19, 2026

ХУМАНИТАРЕН АВТО СОБИР

Во организација на Illegal Hunters Kumanovo, а во соработка со ЦКРСМ- Општинска организација Куманово ❤️, успешно се одржа хуманитарен авто собир на паркингот кај Градскиот базен во Куманово, со една заедничка цел – да ѝ помогнеме на нашата сограѓанка Олгица. 🙏❤️

📍 На самата локација беа поставени кутии за донации, преку кои присутните имаа можност да дадат свој придонес и да обезбедат значајна финансиска поддршка за Олгица. 🤝

Овој настан уште еднаш покажа дека автомобилите не се само љубов, страст и хоби 🏎️, туку можат да бидат и причина за обединување околу една благородна цел. ❤️

Хуманоста нема граници, а кога сме сплотени, можеме да направиме многу повеќе отколку што мислиме. Секој дониран денар, секоја подадена рака и секое присуство значат многу. 🫶

🙏 Голема благодарност до сите учесници, посетители и поддржувачи кои беа дел од овој хуманитарен настан. Благодарност и до сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата. ❤️

< врати се назад