септември 6, 2022

Хуманитарна акција за собирање на училишен прибор

 

Црвен крст на Република Северна Македеонија – Општинска организација Куманово организираше хуманитарна собирна акција за собирање на училишен прибор наменет за деца на семејства од социјален ризик.

           Во рамките на акцијата која траеше од 29.08 – 31.08.2022 Општинска организација Куманово постави штандови на две локации, во Херби книжара и книжарата Ханибал. Акцијата беше успешно спроведена и беше собран материјал кој што е неопходен за учениците. Со собраните материјали и финансиски средства, од страна на нашите волонтери беа подготвени 30 училишни ранци со целосен прибор во нив. Сакаме да искажеме благодарност до сите граѓани кои што беа дел од оваа собирна акција, како и до книжарите Ханибал и Херби.

< врати се назад