март 25, 2024

Хуманитарни пакети за Рамазанските пости за семејства од социјален ризик

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во тек на Рамазанските пости, во соработка со Невладината организација Мерхамет донираше 20 прехрамбени пакети за семејства од социјален ризик во Општина Липково.
Нашите соработници уште еднаш покажаа општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓаните, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад