март 30, 2024

Хуманитарно планинарење до Св.Георгиј с. Бељаковце

Во рамките на ЦКА-ПХВ програмата на ден 30.03.2024 година (сабота) во склоп на проектот “Со цело срце за нечие подобро утре” на кој работат младите волонтери , Тамара Алексовска, Ангела Саздевска, Евгенија Трајковска, заедно со нивните мини ментори Тамара Цветковска и Теодора Николовска планинареа до манастирот Св. Георгиј во с.Бељаковце . Оваа хуманитарно планинарење беше организирано во соработка со нашите пријатели од ЗПЗП Козјак 2013 и во оваа прилика им се заблагодаруваме на укажаната можност за соработката. Воедно им се заблагодаруваме и на сите кои беа дел од оваа планинарска акција и придонесоа за одржување на проектот преку нивната донација. 
Инаку овој проект има за цел да и помогне на нашата сограѓанка Јована Илиевска успешно да го продолжи своето лекување.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад