октомври 26, 2026

ХУМАНОСТА ЗАПОЧНУВА СО ГРИЖА, А СОЛИДАРНОСТА СЕ ПОТВРДУВА СО ДЕЛА

По повод Неделата на борба против гладта и одбележувањето на „Денот на лебот“, Црвениот крст на РСМ – ОО Куманово, со поддршка од општествено одговорната компанија „Жито Лукс“ АД – Скопје, реализираше хуманитарна активност за поддршка на ранливите категории граѓани.

❤️ Со донација од вкупно 500 свежи лебови, односно по 100 леба дневно, беше обезбедена помош за лица во социјален ризик. Дистрибуцијата ја реализираа волонтерите и вработените на ООЦК Куманово.

🤝 Искрена благодарност до „Жито Лукс“ за донацијата и покажаната општествена одговорност.

Заедно градиме посолидарна заедница! ❤️

< врати се назад