ноември 7, 2022
Извршено мерење на шеќер во крвта во с. Липково
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Здружението на дијабетичари на ден 05.11.2022 (сабота) во село Липково организираше мерење на шеќер во крвта. На 50 граѓани им беше извршено мерење на шеќер во крвта, но исто така добија и совети за заштита од превенција од шеќерната болест, како и им се укажа на тоа што треба да превземат за да го нормализираат истиот.