октомври 18, 2021

К О Н К У Р С За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

 

Врз основа на верификувана посебна програма за Негувател/ка за помош и нега на
стари лица и лица со попреченост, во рамките на проектот Проект „Ублажување на
ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен
фокус на постарите луѓе“, поддржан од Австриското Министерство за труд и социјална
политика и Австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Република Северна Македонија –
Општинска организација Куманово распишува:
К О Н К У Р С
За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на Општина Куманово, кои
сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат, да
аплицираат во периодот од 18 до 25 октомври 2021 година
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Р.С Македонија;
– Да имаат 18 години;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат минимум основно образование;
– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со
попреченост;
– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во
сервисите за нега во домашни услови.
Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со
попреченост е бесплатна.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил:
kumanovo@redcross.org.mk тел. 031/424-179
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

< врати се назад