март 3, 2022

Караван за вакцинација во Општина Куманово

👉Волонтерите на Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово се приклучија на Караванот за Вакцинација против Ковид 19 кој се одржа на 🗒27 март (недела) од ⏰11:00-15:00 часот на Градскиот плоштад во Куманово. Ден претходно волонтерите на најфреквентните улици во градот поделија информативни флаери, а на денот на караванот пружија административна поддршка ( поддршка во пополнување на прашалници и формулари ). 🏥Караванот за вакцинација беше организиран од Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, СЗО и УНИЦЕФ .

< врати се назад