
мај 28, 2025
Кино на отворено
На ден 28.05.2025 година (среда) во склоп на програмата ЦКА-ПХВ во рамките на проектот ,,Твојата рака – нивна надеж” се организираше кино на отворено во училишниот двор на ООУ ,,Вук Караџиќ”. Проектот има за цел да помогне на нашата сограѓанка Александра Митровска, а сите собрани средства од влезниците ќе бидат наменети кон помош за побрзо и поуспешно лекување на Александра. Им се заблагодаруваме на сите кои дадоа придонес во овој проект со нивното присуство на отвореното кино, како и до Младинскиот центар МултиКулти и Основното училиште ,,Вук Караџиќ” кои уште еднаш несебично излегоа во пресрет за уште една хумана мисија.




