мај 26, 2026

Kонститутивно-изборното собрание за мандатниот период 2026–2030.

На ден 19.05.2026 година, во просториите на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Куманово, се одржа конститутивно-изборното собрание за мандатниот период 2026–2030.

На седницата беа потврдени мандатите на 23 делегати, кои со своето активно учество придонесоа во работата и донесувањето одлуки, согласно статутарните одредби на организацијата.

Посебна чест за нашата организација претставуваше присуството на д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, чие присуство даде дополнителна важност на седницата.

Во рамките на седницата беа избрани: за претседател на организацијата Д-р Нухи Јусуфи, за потпретседател Ика Ѓорѓевиќ, членови на Раководниот одбор, претседател, потпретседател и членовите на Финансиската комисија, како и делегатите за Собранието на Црвениот крст на РСМ.

На сите избрани делегати им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешен и плоден мандат, исполнет со посветеност, одговорност и реализација на бројни хуманитарни активности во интерес на заедницата.

< врати се назад