ноември 7, 2022

Крводарителска акција – Општина Старо Нагоричане

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово во соработка со Општина Старо Нагоричане и Институтот за трансфузиона медицина на ден 07.11.2022 (понеделник) од 11-15 часот, спроведе крводарителска акција. На оваа акција уште еднаш е покажана хуманоста на вработените во Општина Старо Нагоричане кои несебично се одзваа на повикот за дарување крв и притоа беа собрани 23 крвни единици.

< врати се назад